29/04/2024
Македонија

Премиерот Ковачевски ќе се обрати на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на отворањето на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република“, која од 1 до 10 август се одржува секоја година во Крушево по повод големиот национален празник 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден.

Манифестацијата во организација на НКС „Десет дена Крушевска Република“, ја илустрира нашата богата култура, отсликувајќи и пренесувајќи го историското наследство на градот, истовремено изразувајќи го мултиетничкиот живот и заедништвото на различностите, на граѓаните кои тука живеат.

Линкови за следење во живо на свеченоста:

Линк до видео на македонски јазик
Линк до видео на албански јазик