27/04/2024
Македонија

Претрес во Струмица, пронајдена дрога, приведен дилер

Денеска (23.02.2023) во 08.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.Т.(42) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, таблети и дигитална вага.

Тој бил задржан во Полициска станица Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.