02/05/2024
Струга

Претрес во струшко, пронајдена дрога, приведен стружанец

На 17.07.2023 во 16.40 часот во с.Мислешево, струшко, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга го лишиле од слобода Ц.К.(23) од Струга.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмет со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.