26/04/2024
Охрид

Приведени две лице кај кои била пронајдена дрога на ул. „Кленоец“

На 01.08.2021 во 22.40 часот на ул.„Кленоец“ во Охрид полициски службеници од ОНТДО ги лишиле од слобода Г.Г.(39) од Гостивар, и Ц.Ф.(22) од Поградец, Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Кај Г.Г. се пронајдени и одземени прашкаста материја и таблетки, а кај Ц.Ф. прашкаста материја. Тие се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.