29/04/2024
Охрид

Приведен албански државјанин кој незаконски ловел во близина на караула Радожда

На 10.04.2022 околу 15.00 часот во близина на караула Радожда, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ го лишиле од слобода Ј.Б.(48) од Република Албанија поради нелегален влез во државата.

Во наведеното време, откако ги забележал полициските службениици, скокнал во Охридското езеро и се обидел пливајќи да побегне, но набргу бил фатен и приведен. Притоа, полициски службеници испукале неколку куршуми во воздух како предупредување. При преглед кај него бил пронајден нож на расклопување. Тој бил предаден во Полициската станица за граничен надзор Франгово, и од инспектор од Отсекот за прекуграничен криминал, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Запад изречена му е мерка „Забрана за влез во Република Северна Македонија“. Инаку, на 01.12.2019 Ј.Б. бил фатен над с.Радожда како со пловен објект врши кривично дело „незаконит риболов“.