28/04/2024
Охрид

Албанци глумеле Грци и Италијанци во Охрид

Регионалниот центар за гранични работи Запад, до Основно јавно обвинителсво Охрид, поднесе кривична пријава против Т.Р.(41), Б.Г.(40), Б.Р.(37)и двајца малолетници, сите од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“, казниво по член 378 став 1 од Кривичниот законик.

На 31.08.2020 во 11:45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле Охрид“ тие се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи.