29/04/2024
Македонија

Приведен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава

На 19.01.2024 во 23.00 часот во атарот за с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А.(19) од с.Ласкарци. Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација.
Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во Полициското одделение Сарај. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.