27/04/2024
Струга

Тешко повреден возач од Враништа кој излетал од патот кај Мороишки мост

На 19.01.2024 околу 22 часот во полициската станица Струга, пријавено е дека на регионален пат Р1201 Струга – Дебар, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со  струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од селото Враништа, струшко, излетало од патот.

Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа од полициската станица  Струга.


WebOhrid / 20.01.2024 / СВР Охрид