29/04/2024
Македонија

Приведен криминалец баран со потерница за тригодишна затворска казна

На 07.10.2023 околу 18:30 часот на ул.Бистра во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги го лишија од слобода Р.М. (24) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 236 став 1 од КЗ на РСМ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.