27/04/2024
Македонија

Приведен разбојник, пронајдени парите што ги украл и ќе бидат вратени на сопствениците

Денеска (20.08.2022) полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода Б.М. (28) од Скопје, по добиена пријава дека денеска извршил две разбојништва во спортски обложувалници во Скопје. Кај Б.М. се пронајдени парите кои ги одзел при извршување на кривичните дела и еден нож и парите ќе бидат вратени на сопствениците.

Првото кривично дело разбојништво го извршил денеска во 15,25 часот, а второто во 16,50 часот. За преземените мерки и активности известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје и по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.