27/04/2024
Струга

Отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга

Денес на денот на светото Преображение на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија.

На истата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Пред самиот крај на Литургијата, беше осветен и новиот лозов плод. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон насобраните верници со пригодна беседа.