27/04/2024
Македонија

Спасовски на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) во Белград, Србија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР на 24. Состанок на Комитет на министри на Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ) кој се одржува утре во Белград, Србија.

За време на работниот престој министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со својот српски колега, министерот за внатрешни работи на Република Србија, Братислав Гашиќ.