29/04/2024
Регион/Свет

Извршено осветување на храмот „Св. вмч-чка Недела“ во Голд Кост, Австралија

На 12.11.2023 година, во 23 Недела по Педесетница и на празникот на св. ап. Клеопа и на св. мч- ци. Зиновиј и Зиновија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, свештеникот Горан Божиновски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на храмот “Св. вмч-чка. Недела” во Голд Кост, Квинсленд, Австралија.

По осветувањето на храмот, беше отслужена света архиерејска Литургија, а на крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.


WebOhrid / 13.11.2023 / Дебарско-кичевска епархија