28/04/2024
Македонија

Учество на државната секретарка на 23 Конференција на Алијансата против трговија со луѓе „За луѓе се работи : национално лидерство за ставање на крај на трговијата со луѓе

На 18 и 19 април на покана од Специјалниот претставник и координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе , државната секретарка м-р Магдалена Несторовска учествуваше на 23 Конференција на Алијансата против трговија со луѓе „За луѓе се работи : национално лидерство за ставање на крај на трговијата со луѓе, во Виена , Р.Австрија.

Целта на настанот беше фокусирање на потребата од национално лидерство во борба против трговијата со луѓе во рамки на земјите учеснички на ОБСЕ, законодавни и политички дејства, системи и структури за борба против трговија со луѓе, инвестиции и политичка волја потребна за постигнување на успех.

На настанот учествуваа претставници од земјите учеснички на ОБСЕ, партнерите за соработка, меѓународни организации, цивилно општество, приватен сектор и академии со што се потврдува улогата на Алијансата како форум за размена на добри пракси и научени лекции за стратегии и за ставање крај на трговијата со луѓе.