02/05/2024
Македонија

1.348 нови случаи на Ковид – 19, починати се 8 лица

Во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 677
• Битола – 125
• Куманово – 82
• Прилеп – 72
• Охрид и Струмица – по 47
• Велес – 38
• Тетово – 36
• Штип – 35
• Кавадарци – 27
• Гостивар – 17
• Свети Николе – 16
• Гевгелија и Ресен – по 13
• Кочани – 12
• Струга – 11
• Кичево, Неготино и Крива Паланка – по 10
• Радовиш и Крушево – по 8
• Виница – 6
• Делчево – 5
• Демир Хисар и Македонски Брод – по 4
• Берово, Пробиштип, Кратово и Богданци – по 3
• Дебар, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Од вкупниот број на позитивни (1.348), регистрирани се 145 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60), и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од:
• Скопје – 400
• Битола – 83
• Прилеп – 53
• Кавадарци – 37
• Куманово и Струмица – по 31
• Охрид – 25
• Штип – 20
• Велес и Гевгелија – по 16
• Кочани – 13
• Гостивар – 11
• Валандово – 10
• Кичево – 7
• Ресен – 6
• Виница – 5
• Крушево – 4
• Неготино и Свети Николе – по 3
• Тетово, Пробиштип и Богданци – по 2
• Струга, Радовиш, Демир Хисар и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.706.696 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи изнесува 16.132