14/10/2024
Македонија

155 нови случаи на Ковид – 19, починати се 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19:

• Скопје – 113
• Кавадарци – 8
• Куманово и Битола – по 6
• Прилеп и Кочани – по 4
• Ресен – 3
• Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2
• Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Велес (84г, 83г, 72г, и 69г), по 3 починати лица од Скопје (68г, 63г и 50г), по 2 починати лица од Куманово (67г и 64г) и по едно починато лице од Прилеп (50г), Битола (68г), Штип (69г) и Крива Паланка (82). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:

• Скопје – 161
• Битола – 32
• Прилеп – 30
• Кавадарци – 29
• Кочани – 20
• Куманово – 17
• Тетово и Велес – по 14
• Штип и Крива Паланка – по 12
• Кратово – 6
• Пробиштип и Демир Хисар – по 5
• Охрид, Неготино и Делчево – по 4
• Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3
• Свети Николе и Берово – по 2
• Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290