13/06/2024
Македонија

Демократски сојуз: Сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа

Демократскиот сојуз им изразува длабоко и искрено сочувство на семејствата на загинатите во трагедијата која се случи ноќеска во близина на Софија, при што во пожар, во Македонски автобус, настрадаа 46 лица.

Демократскиот сојуз очекува брза, ефикасна и транспарентна истрага за причините за несреќата и ги повикува надлежните истражни органи да дадат одговор на сите отворени прашања: техничка исправност на автобусот, состојбата на автопатот, премореноста на возачот или други причини.