25/04/2024
Охрид

18-годишниот Илче Митрески е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово

18-годишниот Илче Митрески е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 30-мината скокачи во базенот на средселото пред црквата „Успение на Превета Богородица“. Митрески за прв пат оваа година го фати светиот крст. Тој си доби златно ланче со крст, икона од Св.Јован и резбан дрвен крст.

Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година.

За многу години!