26/04/2024
Македонија

188 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (13.06.) во периодот од 14.00 до 20.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои непрописно престигнуваат, при што санкционирани се 188 возачи. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.