28/04/2024
Охрид

21 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Охрид

Во текот на вчерашниот ден (17.02.2022) во периодот од 16.00 до 20.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 21 пешак од кои, 20 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови поради што апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин заради нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Сите заеднички, со почитување направилата, мора да придонесеме за побезбеден сообраќај.