26/04/2024
Македонија

246 нови случаи на Ковид – 19, починати се 6 лица

Во последните 24 часа направени се 4.072 тестирања, а регистрирани се 246 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 145
• Струмица – 16
• Прилеп – 14
• Штип, Охрид и Битола – по 12
• Кавадарци – 10
• Неготино – 4
• Струга, Гевгелија и Куманово – по 3
• Велес и Ресен – по 2
• Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: 2 починати лица од Скопје (63г и 86г), и едно починато лице од Струмица (53г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица, по едно лице од Скопје (86г), Тетово (78г) и од Кичево (68г). Од пријавените лица, 2 од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од:
• Скопје – 299
• Битола – 47
• Прилеп – 39
• Струмица – 19
• Кавадарци и Охрид – по 18
• Куманово и Велес – по 15
• Штип – 12
• Ресен – 8
• Кочани и Гевгелија – по 7
• Свети Николе – 6
• Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5
• Делчево – 4
• Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 225.730, бројот на оздравени пациенти е 212.927, на починати е 7.975, а бројот на активни случаи изнесува 4.828