28/03/2024
Македонија

Средба на претседателот Иванов со министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија.

На средбата министерот Димитров го информираше претседателот Иванов за последната средба со министерот за надворешни работи на Република Грција, г. Никос Коѕиас и со амбасадорот Метју Нимиц, специјален пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, одржана на 30 март 2018 година во Виена.