03/12/2024
Охрид

33. Охридски староградски средби 2021

Охридски староградски средби е фестивал на староградскиот мелос во организација на Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид.

Програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века.

Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Со обновување на Фестивалот продолжува животот на постојните состави што го негуваат стариот градски мелос и отворена е можноста за формирање нови групи и ансамбли.

Организирањето на манифестацијата е овозможено со материјална помош на Министерството за култура и пријатели на фестивалот.

17-ти септември 2021 (петок)

Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид

Пред платото, почеток 19:00 часот, ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!

ПРОГРАМА:

1.Градски хор Вокс Лихнидос – Охрид
– Дај Дуни
-Елено ќерко

2.КУД Рацин – Кичево
– Нико Нико Меанџико
– Саноќ ле Наде
– Седнав да вечерам

3.Вокално Инструметална група Акустико -Кавадарци
– Во ноќта тивка
– Моме тиквешанче
-Тури Пацо

4.КУД  Илинден -Битола
-Сценка Адаптација – Битолски градски игри
со ора и песните – пилето ми пее – Ацано млада невесто
– Ми е мерак да си умрам Гени Мале

5.ЗГ Градски хор Штип  2019 – Штип
– Мојата Серенада
– Дончо Штипјанчето
– Ново Село кај П’џите

6.КУД  Пере Тошев – Прилеп
– Што ми е мило мило ем драго
– Праша ли Тинке мајка ти
– Мори чупи Костурчанки

7.Вокално инструментален состав Распеани Радовишани – Радовиш
– На градот мој на Радовиш
– На срце ми… На срце ми….
– Сите се мене запејте

8.ФA  Бисери  – Охрид
– Сношти поминав заминав
– Давај ме мила мамо
– Софиско оро

НАСТАНОТ ГО ОРГАНИЗИРА НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ – ОХРИД НА ОТВОРЕНО, ПРЕД ПЛАТОТО НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ И ПРОТОКОЛИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЈАВНИ НАСТАНИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУСОТ.