01/09/2024
Охрид

Шумски пожар помеѓу селата Косел и Расино

Вчеравечер во 20:15 часот избувнал шумски пожар на непристапен терен помеѓу селата Косел и Расино, каде гореше сува трева и мешана шума. Во реон на пожарот биле упатени 1 ПП возило со 4 пожарникари од ТППЕ Охрид и 6 вработени со 2 теренски возила од ШС „Галичица“. Поради непристапност и намалената видливост екипите се повлечени од терен, а останата е дежурна екипа на ШС Галичица.

Со интервенција се отпочна денес во раните утрински часови.