27/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Со Георгиески исфарбаните пешачки премини одма избришани, градот најнесреден и најнечист

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Георгиески не е способен да спроведе едно обично обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Откако пешачките премини беа исфарбани за само десетина дена се избришани, скоро и да не се препознаваат.

Георгиески да одговори зошто пешачките премини ги фарбаат фирми од Гостивар, а не јавните претпријатија од Охрид?

Колку народни пари потроши Георгиески за белата боја да ја нема?

Дали имаше надзор во работата?

Кој и зошто не води сметка за извршените работи и квалитетот во изведувањето?

На ваков аматерски начин не се подобрува безбедноста ниту на пешаците, ниту на останатите учесници во сообраќајот.

Георгиески да каже дали Охрид во минатото бил некогаш понесреден и понечист од тоа што е сега?

Георгиески воопшто не води никаква сметка како и за што се трошат парите на охриѓани.

За недомаќинското и неодговорно работење на Георгиески доаѓа казната од граѓаните на локалните избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.