29/04/2024
Македонија

38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, 13 упатени на вонреден технички преглед

Денеска (22.02.2023) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 38 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 13 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.