26/04/2024
Македонија

9 октомври – Јом Кипур, неработен ден за припадниците на еврејската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07), 9 октомври 2019 година (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита Јом Кипур.