26/04/2024
Спорт

АК „Охрид трчаТ“ учествуваше на Државното првенство за пионери

Изминатата сабота во Скопје се одржа Државно првенство за пионери на кое учествуваа атлетичарите од АК „Охрид трчаТ“.

На натпреварот позабележителни резултати постигнаа следните атлетичари:

Александар Камнароски прво место на трката на 100 метри,

Александар Камнароски второ место скок во далечина,

Јана Димоска прво место на 100 метри,

Јана Димоска второ место скок во далечина,

Ангела Ѓоршеска трето место на дисциплина 600 метри,

Теодор Манчески трето место дисциплина фрлање копје.

Во женска конкуренција штафетата 4×100 во состав Калина Анѓелоска, Софија Коруноска, Тамара Чолеска и Јана Димоска го освои првото место.

АК „Охрид трчаТ“ им честита на сите атлетичари за нивното учество и постигнати резултати посебно за нивниот тимски дух и однос кој го покажуваат меѓусебе и кон спортот.


WebOhrid / 23.05.2022 / АК „Охрид трчаТ“