01/05/2024
Спорт

Македонската репрезентација загуби со 2:1 од Украина

Македонската репрезентација загуби со 2:1 од Украина на вториот натпревар од Европското првенство. Нашата селекција одигра одлично второ полувреме, по првите 45. минути имавме негатива од два гола, но не успеавме да избегнеме пораз. 

Алиоски го даде голот за Македонија, Столе Димитриевски одбрани пенал. 

Првата одлична шанса ја имаше Украина во 8. минута преку Малиновски. Неговиот удар од работ на шеснаесетникот Столе Димитриевски прекрасно го одбрани. 

Во 12. минута, Стефан Ристовски брилијантно пресече додавање од Јеремчук кон осамениот Јароленко во петте метри од шеснаесетникот на Македонија и спречи водство на Украина. 

Првиот обид ние го имавме во 15. минута, но ударот од далечина на енис Барди беше блокиран. Две минути подоцна Елиф Елмас по додавање на Николов биеше покрај голот на Украина.

Нашиот голман Димитриевски во 24. минута добро реагираше и по ударот на гостинскиот капитен Јармоленко. Четири минути подоцна Димитриевски повторно го запре Јармоленко и ја исфрли топката во корнер. Но, по центаршутот од аголот, на втора статива се најде осамен украинскиот капитен и погоди за 1:0 во 29. минута.

Само пет минути подоцна веќе беше 2:0 за Украина. Јеремчук во 34. минута избегна офсајд замка и шутираше прецизно во голот на Македонија. Зинченко асистираше за погодокот на Украина. 

Во 38. минута, капитенот Горан Пандев ја затресе мрежата на Украина, но голот беше поништен поради недозволена позиција. 

До крајот од полувремето нова интервенција по опасна акција на Украина преку Забарни имаше Столе Димитриевски. 

Во 47. минута сто процентна шанса за Македонија не искористи Аријан Адеми. Прекрасно влезе во шеснаесетникот на Украина, шутираше, но брилијантно интервенираше Бушчан и сперчи гол во неговата мрежа. 

На спротивната страна во 51. минута, Малиновски од слободен удар упати опасен удар, но Димитриевски одлично одбрани. 

Во 54. минута, Александар Трајковски ја погоди пречката од голот на Украина, по одбиената топка Пандев беше фаулиран и судијата досуди пенал за Македонија.

Голманот на Украина го одбрани ударот на Езѓан Алиоски, но нашиот репрезентативец не погреши по одбиената топка и гол за Македонија. 

Во 69. минута одлична акција на македонската репрезентација, комбинираа Адеми и Елмас, но интервенираше одбраната на Украина. 

Во 76. минута одлична шанса имаше Украина за 3:1, но биеше непрецизно Циганков. 

Во 83. минута, Столе Димитриевски брани пенал. Со ВАР интервенција судијата покажа најстрога казна, откако топката во рака го удри Аврамовски по слободен удар. 

Малиновски шутираше од единаесет метри, но нашиот Димитриевски ја потврди својата класа. 

Александар Трајковски во судиското надополнување упати опасен удар, но немаше среќа и топката заврши крај голот на Украина. 

МАКЕДОНИЈА: Димитриовски, Ристовски, Муслиу, Велковски (Ристевски), Николов (46` Трајковски), Алиоски, Барди (78` Аврамовски), Адеми, Спировски (46` Чурлинов), Елмас, Пандев; Селектор: Игор Ангеловски.

УКРАИНА: Бушчан, Степаненко, Јармоленко, Малиновски, Јарамчук, Шарапенко, Забарни, Миколенко, Зинченко, Караваев, Матвиенко; Селектор: Андриј Шевченко.