27/04/2024
Охрид

Акција за чистење на дното на Охридското Езеро

Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30.09.2023 година се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани.

Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина.

Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.


WebOhrid / 03.10.2023 / Општина Охрид