28/04/2024
Охрид

Акциска контрола во угостителски објекти во Охрид, приведени странски државјанки

На 15.04.2023, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар за гранични работи Запад, СВР Охрид и инспектори од Државниот трудов инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителските објекти на подрачје на СВР Охрид.

При контролата биле затекнати 12 странски државјанки од Русија, Украина, Србија и Албанија, од кои пет без пријавен престој во земјава. Констатирани се неправилности и од државниот трудов инспекторат кои ќе бидат соодветно санкционирани.

Странските државјанки биле предадени на Одделение за странци и реадмисија при РЦ за ГР Запад за понатамошна постапка. Петте лица се изведени пред Судија за прекршоци и согласно одредбите од Законот за странци изречена им е глоба и мерка протерување на странец од земјава.


WebOhrid / 16.04.2023 / МВР