26/04/2024
Охрид

Акциски контроли за сообраќајна безбедност во Охрид, 10 прекршоци во текот на вчерашниот ден

На 07.11.2020 година, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, реализира акциски контроли, со цел подигнување на сообраќајната безбедност во градот. Притоа, полициските службеници регистрираа осум прекршоци за неправилно и непрописно запирање и паркирање на моторни возила, еден прекршок сторен од моторциклист за неносење заштитна кацига (шлем) и еден возач на патнички автомобил кој управувал под дејство на алкохол, кој е исклучен од сообраќај.

При контролата во Охрид не се затекнати такси превозници кои вршат нелегален такси превоз на патници.