„Амбасади“ – шести роман на Луан Старова во Бугарија

Во бугарскиот главен град, Софија, во издание на познатиот издавач „Персеј“, е објавен романот Амбасадина еден од најплодните македонски и балкански автори, академик Луан Старова.

Бугарското издание излезе под наслов Амбасадор на земјата што нема да постои“, во превод од македонски јазик на Марин Петров.

Ова е шести роман од „балканската сага“ на Старова кој се објавува во Бугарија, по романите: Времето на козите, Враќањето на козите, Балкански клуч, Балканвавилонции Ервехе – книга за една мајка.

Романите на Старова наидуваат на убав прием кај бугарската читателска и книжевна критика.

Големото бугарско писателско име, академик Антон Дончев, откако ќе ја цитира мислата на Гете, наведена во воведот книгата, дека „светот е само тоа што ги обединува народите“, ќе забележи: „Оваа книга е рожба на нашиот свет. Таа е повик за обединување. Низ целата книга се проникнува вистината дека проблемите се заемно поврзани, идејќи од минатото се проектираат во иднината. И дека мирната и творечка соработка меѓу народите нема друга алтернатива.“

Академик Дончев, е автор на предговорот на романот Ервехе-книга за една Мајкa”, по повод книгата Балканвавилонци, прогласен за роман на годината во Македонија.

Веле Митаноски