23/04/2024
Охрид

Амфора: Немилосрдно истребување на рибниот фонд во Охридско Езеро

„Во текот на секојдневните подводни активности сме сведоци на постојаното уништување на веќе значително осиромашениот рибен фонд на Охридското Езеро.

За време на мрест, период кога е најранлива и најмногу треба да се размножува, Охридската пастрмка безмилосно се лови. Заробени со денови, без можност да се хранат и живеат рибите се препелкаат во лесно поставените замки. 

Сме реализирале специфични акции за отстранување на изгубени и заборавени рибарски алати како и многубројни еколошки акции со нашите колеги со цел подигнување на јавната свест по однос на заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро.

Се превземаат и мерки од релевантните институции, сепак дали се доволни сите тие мерки за да се заштити она што ако го загубиме, никогаш нема да се врати?“ – стои во соопштението од Нуркачкиот центар Амфора – Охрид.

https://youtu.be/3DWuOv2U2qw