18/04/2024
Охрид

Ангажирани осум наставници по физичко и здравствено образование за четврто и петто одделение

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес им ги врачи договорите за ангажирање на осум наставници по физичко и здравствено образование кои како тандем наставници ќе треба да ја реализираат наставата по ФЗО за четврто и петто одделение.

Согласно законот за основно образование овие две генерации не се опфатени со тандем наставник по ФЗО, па затоа Општина Охрид преку сопствени средства во соработка со Сојузот за училишне спорт Охрид ангажира наставен кадар по ФЗО со цел и овие две генарации да бидат опфатени и часовите да  бидат реализирани од стручен кадар, односно од наставници по ФЗО.

Општина Охрид е прва општина во државата што има добие позитивно мислење од Бирото за развој на образованието за реализација на ваков проект.


WebOhrid / 16.03.2022 / Општина Охрид