24/04/2024
Македонија

Арсовски: ОБСЕ и ОДИХР констатираа правна несигурност на овие избори, ДИК рачно да ги преброи ливчињата

Интегрален текст од прес конференција – Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Очигледно изборниот процес во Република Македонија беше нарушен.

ВМРО-ДПМНЕ и покрај целиот фалсификат и масовен поткуп на СДСМ и Зоран Заев, иако го притискаа гласачкиот електорат со најбрутални методи, се закануваа, злоупотребуваа и директно купуваа гласови за што има записници во МВР, ВМРО-ДПМНЕ победивме во 41 општина, а СДСМ само во дваесетина.

Граѓаните испратија порака дека на Република Македонија и е потребна Обнова, а не криминалци и криминална влада како СДСМ и Зоран Заев.

Вклучително ОБСЕ и ОДИХР во својот извештај за предвремените парламентарни избори испрати јасна порака дека е нарушената правната стабилност на државата и има правна несигурност. Аналогно на тоа и сите донесени ад-хок регулативи од владата на СДСМ во вонредната состојба, интервенирајќи во изборниот законик, како и значителните ревизии на изборниот законик допринесоа да се поткопа правната стабилност и нормално да влијае во корист на СДСМ.

И покрај сите препораки, власта недоволно направила за да се решат системски и структурно забелешките од страна на ОДИХР.

Ова е најдобар пример дека власта на СДСМ свесно одела на изигрување на волјата на граѓаните, за да се спаси од одговорноста од криминалот и корупцијата кои ги работеа изминатите 3 години додека беа на власт, наместо да работат за добробит на граѓаните и државата.

Народот не ги поддржува тоа е очигледно, и затоа го направија најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја.

ВМРО-ДПМНЕ останува најсилна политичка партија, а народот испрати јасна порака дека е за обнова.

Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачното да се пребројување гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат.

Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес.

Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес.

Ние остануваме рамо до рамо со граѓаните, бидејќи тоа е нивната волја е обнова, а не криминал и корупција предводена од СДСМ.

Ви благодарам на вниманието

Прашање: Колку приговори ќе поднесете и колку гласови сметате дека ви се одземени?

Одговор: Тоа не би можел сега да го кажам точно во бројка колку гласови се одземени итн, и затоа бараме рачно пребројување на гласачките ливчиња, нормално тоа да го проследи и јавноста, сама да има увид во броењето на ливчињата. Имено се уште трае рокот за поднесување на приговори. Генерално ние поднесуваме приговори во два многу важни дела, едниот рачно да се пребројат сите гласачки ливчиња, што е многу важно граѓаните да се уверат  каква е нивната волја, како гласале, и вториот дел е да уште еднаш апелираме на оној дел каде што експоненти, функционери на СДСМ, јавно водеа кампања за прешкртување на гласачките ливчиња се со цел тоа да го претстават како повик на ВМРО-ДПМНЕ, се со цел тие подоцна бидат неважечки. Така да се уште трае рокот, но ова се два дела во кои што се однесуваат нашите приговори и кои што се најважни да се потврди волјата на граѓаните онака како што гласале, а не онака како што некој сака да изгледа.

Прашање: За кои изборни единици се однесуваат приговорите?

Одговор: За тоа би оставил да помине рокот до крајот на денот. Сепак нашите правници се во целиот рок додека трае во партијата и работата на приговорите, така да за тоа ќе почекаме до изминувањето на приговорите. Оние кои што ќе бидат поднесени ќе ги имате јавно од нашата страна ќе бидат доставени на медиумите.

Прашање: Дали веќе сте направиле контакт со албанските партии за коалицирање?

Одговори: Како што реков и во мојот прес, се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е изборот на граѓаните и е партија која што освои најмногу мандати во Република Македонија, бидејќи сите знаеме дека СДСМ беше во коалиција со БЕСА која што кај нив освои 4 мандати и автоматски тоа претставува дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе мандати освоени.

Ние како што рековме, а и претседателот Мицкоски јавно кажа пред медиумите и граѓаните, ќе се обидеме да составиме влада, но не би сакал да навлегувам во детали сега, бидејќи тоа е еден процес кој што трае и не би сакал да нарушувам поединечност од тој процес.

https://www.youtube.com/watch?v=lZKif4B7SCk&feature=emb_title