27/04/2024
Охрид

Баба нападната во комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта

На 01.10.2019 година околу 19 часот, во полициската станица во Охрид, Д.В.(78) од селото Мешеишта пријави дека во патничко комбе кое сообраќало на релацијата Охрид-Мешеишта, физички била нападната од А.В.(31) од селото Горенци-општина Дебарца.

Оштетената, со возило на Итна медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде биле констатирани тешки телесни повреди.

А.В. е приведена во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава.