20/06/2024
Охрид

Бесплатен концерт на скопските бендови RIB и JUNE во Охрид

Вечерва со почеток во 21:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ концерт ќе имаат скопските бендови RIB и JUNE.

RIB се формирани во 2014 година во Скопје од музичари со искусен бекграунд (членови на Denny te chuva, Bernays Propaganda, Hip, Т.Б. Трачери) и зад себе имааат два албума: ”Something Completely Different” 2015 и ”Bliss” 2017 и двата снимани во студиото “Алшар”, продуцирани од Ивица Јанкуловски.
Моментално работат на третиот албум кој треба да излезе наредната година.
РИБ се: Јане Трајковски – гитара и труба
Ивица Димитриевиќ – гитара, бас и вокали
Џано Куч – тапани
www.rib.mk

JUNE формирани во 2010 за кратко време оставаат значаен белег во македонската музичка сцена. Со нивните албуми Someday soon 2012, Indian Summer 2014 и Living For The Weekend, настапуваат на сите позначајни фестивали во Регионот како Таксират (заедно со Nouvelle Vague) ,EXIT, Sziget, Vienna Waves Festival…
JUNE се: Бојана Низамовска – вокал, гитара
Филип Арсов – вокал, гитара
Данчо Поповски – бас гитара
Јане Трајковски – гитара, труба
Анте Гулин – тапани
www.june.mk

Влезот за концертот е од задната врата на Центарот за култура (паркинг Ривиера).