29/04/2024
Охрид

Бесплатен паркинг за Божик на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека ден 07.01.2023 (сабота) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите корисници.

ЈП „Билјанини Извори“ се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање и во таа насока ја донесе оваа одлука. 

ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет.

За многу години, „Христос се роди“.


WebOhrid / 06.01.2023 / ЈП „Билјанини Извори“ Охрид