06/10/2024
Охрид

Охрид домаќин на Бадникова литија

Со ѕвезди во рацете и пеење на коледарската песна „Вечниот Бог“ околу 800 деца од Охрид и Дебрца  кои се дел од годинешната Бадникова литија утрово го најавија христовото раѓање. Манифестацијата која има  десет годишна традиција по пауза од две години поради пандемијата со Ковид 19 е повторно возобновена.

На градскиот плоштад децата ги пречека градоначалникот Кирил Пецаков:

– Прекрасно е чувството на Бадник  да се биде тука меѓу овие дечиња кои  се дел од годинешната Бадникова литија  која од година во година станува се помасовна и буди се поголем интерес кај младите . На овој  начин тие  стануваат посвесни за својата вера и традициите кои се негуваат  за најголемиот христијански празник Божиќ. 

По пауза од две години  поради пандемијата со КОВИД 19,    организаторот Здружението за грижа и воспитување на Деца од Охрид со поддршка на  Општина Охрид  годинава ја возобнови оваа манифестација.   Годинава учествуваат 800 деца од Охрид и Дебрца.  Тие  со   ѕвезди во рацете  и пеење на коледарските песни од рано утрово  го најавија раѓањето Христово. Оваа манифестација привлекува внимание од охриѓани и гостите од земјава и  странство кои во празничниве  денови ги имаме во голем број.  Тие со позитивни впечатоци и импресии заминуваат од кај нас и затоа како локална власт и во иднина ќе го подржуваме овој настан – рече градоначалникот Пецаков.

Поворката на дечиња утрово тргна од црквата „Св. Ѓоргија“ во Горна Влашка мала, преку улиците „Јане Сандански“ и „Туристичка“ ,коледарчињата преку охридската чаршија стигнаа до градскиот плоштад каде ги пречека градоначалникот  Кирил Пецаков.       


WebOhrid / 06.01.2023 / Општина Охрид