28/04/2024
Охрид

Бесплатен паркинг за Божик на паркинзите со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“

„Во име на големиот православен празник Божиќ, ЈП „Билјанини Извори“ донесе одлука, утре, 07.01.2024 година (недела) сите паркинг места со кои стопанисува јавното претпријатие да бидат бесплатни за сите наши корисници во текот на целиот ден.

ЈП „Билјанини Извори“ на сите православни верници им го честита големиот празник и им посакува многу здравје и бериќет. 

За многу години, “Христос се роди”! “ – стои во соопштението од ЈП „Билјанини Извори“.


WebOhrid / 06.01.2024 / ЈП „Билјанини Извори“