20/04/2024
Охрид

Снег на Галичица, се очекува подобрување на водостојот на Езерото

Ниската температура и влажниот бран во текот на ноќта донесе снег на Галичица. Се очекува и подобрување (зголемување) на водостојот на водата во Охридското Езеро.

Од УХМР известуваат дека за време на викендот времето ќе биде студено со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег.

Денес врнежите ќе имаат слаб до умерен интензитет, а во недела ќе бидат пообилни, особено во јужните и источните делови. На планините и на некои повисоки места ќе се формира снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд се очекува во вторник (20.11.2018).

WebOhrid