24/07/2024
Охрид

Распишани конкурсите за наградата и повелбите – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот Јован Стојаноски и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија при Советот на општина Охрид ги распишаа Конкурсите за наградата и повелбите – Патрон на градот„Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Врз основа на член 16 и член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:

К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски“, градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување општинска награда – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ за 2017 година.

Наградата, се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата Патрон на градот „Св. Климент Охридски“се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конкурсот трае до 30 – ти ноември 2017 година.

Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се доставуваат на адреса: ул. „ Димитар Влахов“ бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“).

Градоначалник, Д-р Јован Стојаноски

Врз основа на член 18 од Одлуката за доделување на општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, распишува:

К О Н К У Р С  ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По повод 8-ми Декември – „Св.Климент Охридски“, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот„Св.Климент Охридски“за 2017 година.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.

Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави: кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.

Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.

Конкурсот трае до 30-ти ноември 2017 година.

Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.

Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: Ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ„СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“)

Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија

Претседател,
Елеонора Куноска