29/03/2024
Охрид

Нова превентивна кампања на СВР Охрид – „Стави појас“

„Стави појас“ е новата превентивна кампања што ќе се реализира на целото подрачје на СВР Охрид.

Во рамки на кампањата, предвидено е, на повеќе градски сообраќајници, на локалните, регионалните и магистралните патишта, да се постават сообраќајни пунктови каде ќе се врши контрола на возачите на моторни возила, но и укажување за неопходноста од користење заштитни појаси како основна мерка за подигнување на безбедноста за време на управување со моторно возило.

Притоа, полициските службеници ќе поделат флаери, маици и друг и соодветен  едукативен материјал со логото „Стави појас“.

Кампањата ја реализираат Отсекот за превенција и при СВР Охрид и РСБСП.


WebOhrid / 05.10.2022 / СВР Охрид