27/04/2024
Охрид

Пронајдени рибарски мрежи со улов на охридска белвица во водите на Охридско Езеро

На 19/20.10.2021 во периодот од 19.00 до 01.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во водите на Охридското езеро, во близина на автокамп „Елешец“ пронашле две рибарски мрежи со улов на охридска белвица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.