ВМРО-ДПМНЕ: СДС не простува успех и придонес за Охрид и Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„СДС и директорката на ЈЗУ Кардиолошки Завод „Св. Стефан“, Гордана Донеска веднаш јавно да се извинат на Д-р Никола Бакрачески и да ја повлечат наложената скандалозна одлука.

СДС се обидуваат да владеат со страв, за да не се види големата лоша слика од нивното владеење. Владеат со насилство, реваншизам и празни ветувања. Па така актуелната директорка, почитуваниот Д-р Никола Бакрачески го прераспределила од салата за интервнции на срце во одделението за срцеви аритмии, кое е најниско одделение по хиерархија, каде што се вршат кардиолошки прегледи со што е постигнато дното. Уште еднаш безмилосно и немилосрдно се згазна на човечкото достоинство, бескрупулозно поигрувајќи се со чувствата и судбината, изложени на милост и немилост на самоволието на раководните структури од партијата на власт.

Класичен доказ на безочните реваншистички политики и партиски местенки и чистки на СДС водени по методот „вработување од чистачка до директор“ е прераспределбата на кадрите и организациската поставеност.

Ние како партија укажуваме дека за време на раководењето на Д-р Никола Бакрачески во период од 2006 до 2013 никогаш и во ниеден момент не се случило кадрите да бидат вработувани, да бидат именувани или унапредувани на позиции според партиската припадност, туку исклучиво само и само според степенот на своите знаења и квалификации, вештините што ги поседуваат и капацитетот да раководат со одделни одделенија.

Тоа се однесува и на добивањето можности за специјализации и супспецијализации, едукации во странство, усвојување нови методи и постапки.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш за вработувањата и распределувањето се водеше согласно постапкта прецизирана со закон каде одлучувачко влијание има просекот на факултет, резултатите од квалификацискиот испит, стручноста, познавањето на странски јазици, постигањата и успесите во професијата и сл. С`е друго кое е надвор од професионалните стандарди и потреби е ирелевантно и нема никакво одлучувачко влијание при ангажирњето на здравствените работници.

Вистинското прашање е како се распределуваат вработените во време на СДС- некомпететни кадри, единствено со партиска книшка, каде главен критериум е непотизмот. Така се создаде и белата мафија и така партиските доктори на СДС правеа и повторно ќе прават милиони од маката на болните.

Знаењето и вештините никој не може да му ги одземе на Д-р Никола Бакрачески којшто е признаен во светот, а притоа е првиот човек што ја воведе интервентната кардиологија во Охрид.

Зошто Ви пречи кардиологот д-р Никола Бакрачески? Toa што со љубов и задоволство професионално ги извршува сите обврски на која било позиција. Затоа што знае дека со здравјето на пациентите не може и не смее да се импровизира.

Зарем мислите дека нешто сте постигнале со оваа одлука? Искрено и да сте сакале да го повредите и понижите, не можете да ја оспорите неговата стручност, неговите знаења и нема да успеете да му ги земете.

Што добивате како партија а што добиваат граѓаните ако Охрид го изгуби најдобриот кардиолог?

Дали тоа е животот што го нудевте и ќе го подобри здравството на граѓаните?“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.