28/04/2024
Охрид

„Безбедност на децата во сообраќајот“- превентивна активност на СВР Охрид

Вчера (11.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во општинското основно училиште “Наум Охридски“ во селата Коњско и Елшани, охридско, одржаа едукативно предавање на тема – “Безбедност на децата во сообраќајот“ на кое присуствуваа ученици од прво до петто одделение.

Притоа, учениците најпрво беа запознати со работните задачи на полицаецот-сообраќаец, со неговите обврски и задачи како и со средствата за работа при сообрќајните контроли и надзори, а потоа им беа пренесени оние основни информации за сообраќајните правила и прописи важни за децата како учесници во сообраќајот, било како пешаци или при возење велосипеди, тротинети, електрични тротинети. Особено внимание се посвети на важноста од почитување на сообраќајните прописи како најбитни за сигурно и безбедно учество во сообраќајот.


WebOhrid / 12.04.2023 / МВР