28/03/2024
Македонија

Билдање профити преку висока мрежарина, колузија меѓу РКЕ и ЕСМ?

Неодамнешната разделеност на цената на мрежарината од цената на електрична енергија беше повод за направената споредбена анализа на мрежарината во неколку екс ЈУ Републики кои имаат минимум ист или повисок стандард од нашите граѓани.  

Во прилог табелата, цени, изразени во денари, на мрежарината на мали потрошувачи, за пренос и дистрибуција во Хрватска, Словенија, БиХ, Македонија и Србија.  

Воочливо е дека во некои земји поред двотарифниот модел има и еднотарифен модел со еднотарифна цена за мрежарина. Според еднотарифниот модел, нашата двотарифна мрежарина, е поскапа од Хрватскиот еднотарифен модел за скоро 33%, повисок од Слвоенскиот за 64% ,поскап од Српскиот еднотарифен модел за 534%.(не е грешка)  

Во делот на двотарифниот модел, лесно се забележува дека Македонија има најскапа мрежарина од сите наведени екс ЈУ Републики иако нашите граѓани имаат најслаб стандард од сите наведни земји. Во Македонија, цената на мрежарина е иста за висока и ниска тарифа додека кај сите екс ЈУ Републики цената на мрежарина е различна за висока тарифа, висока цена и ниска тарифа, ниска цена. Споредбено со другите наведени Репулики, цената на мрежарината во висока тарифа кај нас е повисока за 5.5% од Хрватска, 25% од БиХ, 51% од Словенија и 65% поголема од Србија.  

За ниската тарифа,  цената на нашата мрежарира е повисока за 96% од мрежарината во Словенија, повисока за 141% од истата во Хрватска, 151% поголема од БиХ и за 524% поголема од мрежарината во Србија.  

Во Словенија и Србија се пресметува и според пресметковната (активната) моќност. Ова значи дека макар и за кратко време вклучите голем потрошувач тоа ќе се одрази на цената макар и за кратко време и за мала потрошена енергија. Сепак овој тип мрежарина е релативно ценовно мала од вкупната мрежарина што се наплаќа. 

Исто така во БиХ, Хрватска и Србија има фиксна мрежарина која е 55.2, 74,6 и 95.3 денари од потрошувач. Но затоа пак ние плаќаме фиксни 184 Денари месечно за улично осветлување, ставка која ја немаат во екс ЈУ Републики. Пак кај нас се плаќа фиксна ставка која е најголема споредбено со другите наши соседи. 

Од сите други наведени соседи каде што дистрибутивниот електричен систем е во државни раце, само нашиот дистрибутивен систем е во приватни раце и најголем дел од мрежарината иде во нивните куфери. Еве го резултатот на т.н. бонбона бизнис на Шеќериснка која агитираше за продажба на ЕСМ заради неплаќање на сметките кои и до ден денес не се плаќаат а имаме и наjголема мрежанира во регионот и поред тоа што нашите плати се најслаби. Ова е уште една потрвда за катастрофалната лоша приватизација на овоа стратешко претпријатие.  

Фрапантната цена на мрежарина налага да прашаме, како тоа да Словенија со 4 пати поголем БДП плаќа од 51-100% помала мрежарина од нас? Како Регулаторната Енергетска Комисија дозволила ваква голема мрежарина? Толку ли се големи трошоците на нашиот приватен снабдувач на струја во споредба другите земји? Колкави се платите кај нашиот снабдувач во однос на словенечките плати или кај нашиот снабдувач си одредиле дека им се потребни европски профити преку скапата мрежарина?  

 Неодамна Регулаторна Енергетска Комисија ни кажа дека снабдувачот, а не народот плаќал за сите кражби на електрична енергија. Но, од што плаќа снабдувачот на електрична енергија? Пак наплаќа од граѓаните кои поред сметка за струја, улично осветлување имаат и енормно скапа мрежарина.  

Се плашиме дека преку кревање на мрежарината на ненонрамлно високо ниво, со амин на РКЕ, товарот на загубите од кражби на електрична енергија повторно се пренесува на граѓаните. Тоа е таа сметководствената гимастика каде крајниот резултат е да граѓанинот плаќа за се.  

 

Податоците се прибрани од следните официјални веб сајтови: 

https://www.hep.hr/…/kucanstvo/tarifne-stavke-cijene/1547 (мрежарина во Хрватска) 

https://www.uradni-list.si/_pdf/2021/Ur/u2021202.pdf?fbclid=IwAR3QSYEyknej8ge4dPkOlIVxwyD3XpXTurcoZ0oKT8koMbop3_XvnBqAWc0  („омрежнина“ во Словенија, на страна 12955) 

https://www.epbih.ba/stranica/racuni-i-placanje?fbclid=IwAR38MCTeSuUQPAFnWyH4hZPXiO2HyQ_5F4_62MI3HNmEWTUZoTvNuhNI_UA#objasnjenje-stavki-racuna (мрежарина во БиХ) 

https://www.aers.rs/FILES/Odluke/OCenama/2021-10-01_EMS%20Cenovnik%20-%20prenos.pdf?fbclid=IwAR06hwYEo2rGsxj3Ma_x3Vxm3MUikdafTFqIm05TBQN3bINEWo5l42ih5Z0 (вкупна цена на ел. енргија во Србија) 

Во Прилог се споредбените табели на цените за мрежарина споредбено во МКД/Квт и другата табела споредбено во Проценти. 


WebOhrid / 18.09.2022 / НовАсном