28/03/2024
Охрид

Благодарност од семејството Стојаноски до охриѓани за нивната поддршка и почит

Семејството на прерано починатиот градоначалник на Охрид Јован Стојаноски, до сите граѓани на Охрид, упати зборови на благодарност за искажаната нивна поддршка и почит кон својот градоначалник.

„Почитувани,

Во најтешките моменти за нашето семејство, сакаме да Ви упатиме ОГРОМНА благодарност до сите вас добри и прекрасни луѓе, кои ги надминавте сите партиски, човечки и секакви други препреки и со дела, убав збор, стисната рака во знак на поддршка или само човечки поглед, ни помогате да го изминеме и ова најголемо премрежје.

Зборови немаме, солзите не запираат, за нас остана само голема празнина која никогаш нема да се надополни. Негова најголема љубов беше Охрид. Да му се оддолжиме сите заедно со тоа што ќе се сплотиме, ќе го изградиме како што доликува, ќе го направиме да биде, како што милуваше да каже „најубавото место на светот“, со силно образование, со насмеани луѓе, со верба во Бога и народот.

Да застанеме зад оваа идеја во која веруваше Јован – Градоначалникот и да се сеќаваме на него онаков како што и секогаш беше – со широка насмевка, топла прегратка и отворено срце ЗА СИТЕ.“ – стои во пораката од семејството Стојаноски до охриѓани.