26/04/2024
Македонија

Богат јануарски репертоар на театрите во Скопје

Националните театарски установи во Скопје ја стартуваат новата година со богат репертоар. Десетина популарни претстави ќе бидат одиграни на сцените на МНТ, Драмски театар, Театар Комедија и Театарот за деца и младинци…

Репертоарот на театарските куќи во главниот град оваа 2018 година започнува веќе од вечерва, кога на сцената на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот ќе биде одиграна претставата „Кец на десетка” .

До крајот на месецот љубителите на театарската уметност во МНТ ќе можат да ги проследат и претставите „Не се клади на Енглези” (10 и 20 јануари), „Животот на Молиер” (11 јануари), а на 12,13 и 23 јануари на репертоарот е мјузиклот „Мама миа“ кој предизвика голем интерес кај македонската публика. Потоа следуваат претставите „Мајсторот и Маргарита“ на 16 и 17 јануари, „Разговори во четири очи“(18 јануари), „Магбет“ на Албанскиот театар (22 јануари), „Тероризам“ (25 јануари), „Ничија земја“ (26 и 27 јануари), „Брачна игра“ (29 јануари). Последна на репертоарот за овој месец во Македонскиот народен театар е изведбата на претставата „Животот е прекрасен“ која ќе биде одиграна на 30 и 31 јануари.

Во Драмскиот театар пак, репертоарот стартува на 17 јануари со претставата „Лет над кукавичјото гнездо“, а до крајот на месецот ќе бидат одиграни и претставите „Секс, дрога и рок-ен-рол” (24 јануари), „Атена со пенис” (25 јануари), „Снежана и седумте џуџиња“ (27 јануари), „Вера, љубов, надеж“ (30 јануари) и „Чолак“ (31 јануари).

Театар Комедија со претстави стартува на 25 јануари со „Жена ми се вика Борис“ , на 26 јануари ќе биде изведена претставата „Бракот е брак”, на 27 јануари „Вардарски пастуви”, „Чао пријатно“ на 28 јануари, на 29 јануари „Дони Дарк“, на 30 јануари „Првин ке ме земеш…“ и на 31 јануари претставата „Стјуардеси“.

Во објектот на Театарот Комедија се играат и претставите на Албанскиот театар, чија трупа на 15 и 22 јануари со почеток во 20 часот ќе ја игра претставата „Жените“.

Театарот за деца и младинци започнува со омилените претстави за најмладите на 11 јануари со куклената изведба „Лакомата меца”, по што следуваат „Снежната кралица” (12 јануари), „Оливер Твист“ (13 јануари), „Убавицата и ѕверот“ (14 и 27 јануари), „Пига мега бајка“ (18 јануари). До крајот на јануари ќе бидат одиграни „Цветната улица“ (20 јануари), „Мачорот во чизми“ (21 и 26 јануари), „Пепелашка“ (25 јануари) и на 28 јануари претставата „Петар Пан“.